Во главниот град на Малезија, Куала Лумпур денес делегации од Кина и САД се сретаа за да дискутираат за економски и трговски теми.

Состанокот доаѓа по нарушени трговски односи меѓу двете земји, оптоварени со меѓусебни зголемени царини и намалувања на извозот.

Според изјавата на портпаролот на кинеското Министерство за трговија, двете страни ќе разговараат за клучните проблеми поврзани со економските и трговските врски, „во согласност со важниот консензус постигнат од шефовите на државите на двете земји за време на нивните телефонски разговори оваа година“.

Кинеската делегација е предводена од кинескиот вицепремиер Хе Лифен, кој исто така е член на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.

Американските медиуми пренесуваат дека овие две водечки економски сили се обидуваат да стават крај на нивната трговска војна.

Exit mobile version