Со автобуси на општинското претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“ од сабота повторно почнува превоз на релација Тетово – Попова Шапка и назад.

Граѓаните ќе имаат можност да користат два термини за поаѓање од Тетово кон Попова Шапка во 08:00 и од 10:00 часот и исто толку за враќање во 14:45 и во 16:00 часот. Повратен билет ќе чини 200 денари.

-Од сабота (17 јануари) ќе биде пуштена во употреба автобуската линија Тетово – Попова Шапка и обратно. Оваа линија ќе функционира само за време на викендите. Ги повикуваме сите граѓани да го користат јавниот превоз и да придонесат кон намалување на сообраќајниот метеж и заштита на животната средина, соопшти Општина Тетово.

За разлика од минатата скијачка сезона, односно од јануари 2025 кога имаше четири линии за патување кон скијачкиот центар сега има само две. Претходната ски сезона автобусите тргнувааа од 08:00, 10:00, 12:00 и 15:30 часот, а во градот се враќаа еден час подоцна од овие термини.

Exit mobile version