САД го одбележуваат Денот на независноста 4 јули

 


САД денеска го слави 247-от Ден на независноста.  На 4 јули 1776 година беше усвоена Декларацијата за независност на САД од Велика Британија. Со Декларацијата се прогласило дека тринаесетте американски колонии кои во тоа време биле во војна со Велика Британија повеќе не се дел од Британската Империја. Декларацијата требало да биде формално објаснение за причините поради кои Конгресот на 2 јули изгласал независност од Велика Британија, после повеќе од една година војување.

Творци на документот главно се Томас Џеферсон, Бенџамин Френклин, Џон Адамс, Роберт Ливингстон и Роџер Шерман. Оригиналниот документ кој бил проследен за печатење е загубен. Документот кој денес е изложен во Националните архиви на САД во Вашингтон е напишан на рака и потпишан од повеќето делегати помеѓу 19 јули и 2 август 1776. Декларацијата за независност и денес се смета за светилник на американската нација за вредностите кон кои треба да тежнее.

Американската независност се слави низ цела земја со парада, пиво, скара и огномет.

 

 

04.07.2023 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега