Соединетите Американски Држави донесоа одлука за распоредување дополнителни воени сили на Блискиот Исток, пренесуваат американските медиуми. Станува збор за припадници на елитната 82. воздушно-десантна дивизија, позната по падобрански операции со висок ризик.
Според извештаите на „Sky News“ и „NBC News“, одобрението за движење на трупите било дадено во текот на ноќта. Иако првично се шпекулираше за поголема бројка, најновите информации укажуваат дека ќе бидат испратени помалку од 1.500 војници.
Овој контингент ќе биде ограничен по бројност, но високо мобилен. Воените структури веќе работат на логистичка подготовка и издавање на оперативните наредби за персоналот.
Трупите сè уште ја немаат напуштено американската територија, но првите транспортни авиони се очекува да полетаат во наредните неколку денови. Вашингтон со овој потег испраќа јасна порака дека нема да дозволи загрозување на своите интереси во регионот.
Елитните падобранци, кои во воените кругови се познати како „плави ѓаволи“, се сметаат за сила за брза реакција, подготвени за интервенција во секој момент.
Иако бројот на војници е релативно мал, нивното присуство има силна симболична тежина. Ова се толкува како превентивна мерка и сигнал дека конфликтот на Блискиот Исток влегува во уште понапната фаза.

