Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по приватната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, призна дека постои сериозен јаз во ставовите на Алијансата во однос на операциите на Блискиот Исток. Руте изјави дека Трамп не го криел своето разочарување од одредени сојузници кои, според Вашингтон, потфрлиле во своите обврски за време на конфликтот со Иран.
„Можам да го разберам неговиот став“, истакна Руте, додавајќи дека иако некои членки не одговориле на предизвикот, „огромното мнозинство Европејци“ сепак биле од помош во текот на воените дејствија. Оваа изјава доаѓа во време на зголемена неизвесност за иднината на трансатлантското партнерство.

