Close Menu
Press24
    Најново

    Подгответе ги чадорите: Од утре дожд

    30.10.2026 во 12:43

    Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“

    30.10.2026 во 12:35

    Муцунски оствари средба со унгарскиот специјален пратеник Клеин: Потврдена стратешката соработка и европската перспектива

    30.10.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подгответе ги чадорите: Од утре дожд
    • Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“
    • Муцунски оствари средба со унгарскиот специјален пратеник Клеин: Потврдена стратешката соработка и европската перспектива
    • Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој
    • ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања
    • Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток
    • Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело
    • ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рустеми и Саити од „Комунална хигиена“ одат во 30-дневен притвор под сомненија за загрозување на животната средина

    Рустеми и Саити од „Комунална хигиена“ одат во 30-дневен притвор под сомненија за загрозување на животната средина

    28.10.2025 во 19:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

    Притворот е изречен за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

    Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.

    Вонредните инспекциски надзори и експертското мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

    Авокатот на осомничето кажа дека Рустеми си поднел оставка од директорската позиција поради морални причини и да не попречува на истрагата.

    Прочитај повеќе

    Подгответе ги чадорите: Од утре дожд

    30.10.2026 во 12:43

    Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“

    30.10.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.