Руски пратеник ранет во Украина, Кадиров тврди дека е убиен: „Мојот брат нема да се врати“

 

Руски пратеник е ранет во војната во Украина, пренесуваат руските медиуми. Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, пак, тврди дека рускиот пратеник е мртов.

Станува збор за пратеникот Адам Делимканов, кој ја претставува Чеченија во парламентот на руската Дума и за кој се тврди дека е близок соработник на Кадиров.

Веста за неговото ранување, всушност, беше објавена во руските медиуми со цел да се демантира веста што ја пренесоа украинските медиуми дека е убиен Делимканов. Думата, која потврди дека Делимканов е повреден, сепак не ги објави околностите под кои пратеникот Делимканов бил ранет, ниту во каква состојба бил пронајден.

Претходно, украинскиот воен и политички коментатор Кирил Сазонов на својата фејсбук-страница објави дека единицата во која се наоѓал Делимканов била нападната, односно бомбардирана со артилериски оган.

А Кадиров во објава на својот профил на „Телеграм“ изјави дека неговиот „брат“ Адам Делимканов нема да се врати. Кадиров дури побарал од украинските разузнавачки служби да му дадат информации за тоа кои позиции ги гаѓале за да оди да си го земе својот „брат“.

„Раша тудеј“ наведува дека 53-годишниот Делимканов му бил десна рака на Кадиров и дека тој бил командант на чеченските единици, кои се борат на страната на Русија во Украина.

Минатата година му беше доделена највисоката чест што ја доделува Чеченија за неговите заслуги во битките во Донбас, Украина.

 
15.06.2023 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега