Руски дипломат за потегот на Македонија, Бугарија и Црна Гора: Ова е политички чекор на анти-руска ориентација
Русија би можела да ги отповика амбасадорите од Македонија, Црна Гора и Бугарија откако државите му забранија прелет на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Руски дипломат за српските медиуми кажа дека реакцијата треба да биде најостра кон овие држави затоа што го спречиле Лавров да го посети Белград а притоа смета дека тоа е политички чекор на анти-руска ориентација.
Дипломатот не знае дали дипломатските односи меѓу Русија и трите држави ќе биде прекината, но постои можност да се отповикаат дипломатите.
06.06.2022 - 11:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа