Русите напаѓаат и за време на погреби: Повредни 30 Украинци во областа Харков

 

Најмалку 31 лице, од кои девет деца, се повредени во руски напад врз украинскиот град Первомаиски во областа Харков.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак истакна дека помеѓу повредените се и две бебиња.

Рускиот напад се случи за време на погребот на украинскиот војник Олег Фадејенко, кој почина во болница од тешка рана добиена во близина на Бахмут.

04.07.2023 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега