Русија денеска ги вклучи сирените за тревога низ сите 11 временски зони, од Балтикот до Пацификот, во рамките на масовниот национален тест на системот за итни случаи. Како што пренесува „Дејли меил“, телевизиските и радио програмите беа прекинати со порака: „Внимание на сите! Ве молиме останете мирни и слушајте ги инструкциите“.
Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека целта е навремено пренесување на сигнали во случај на закана, но тајмингот на овој тест предизвика паника кај јавноста. Тестирањето се случува во екот на најголемите тензии меѓу Москва и Западот, додека руските државни медиуми сè почесто отворено зборуваат за неизбежност од глобален судир.

