Роџер Вотерс: Бајден е воен злосторник кој поттикнува војна во Украина

 

Поранешниот фронтмен на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, дал интервју за Си-Ен-Ен во кое, меѓу другото, го обвинил новинарот дека премногу верува во пропагандата на неговата ТВ станица, пренесуваат медиумите во светот.

Вотерс моментално е на северноамериканска турнеја насловена „This Is Not A Drill“. За време на изведбата, на сцената, според написите, имало огромни екрани кои прикажувале слајдови од луѓе кои Вотерс ги нарекол „воени злосторници“.

Според извештаите на агенциите, американскиот претседател Џо Бајден исто така бил прикажан веднаш по неговиот претходник Доналд Трамп со етикета која им кажува на посетителите на концертот дека актуелниот американски претседател „штотуку почнува“.

Авторот на Си-Ен-Ен, Мајк Смеркониш изјавил дека е љубител на музиката на Вотерс, но се оградува од некои негови политички ставови. Вотерс бил прашан зошто мисли дека сликата на Бајден треба да стои екранот со воени злосторници, пренесува „НМЕ“.

„Па, тој го разгорува огнот во Украина, за почеток – тоа е огромно злосторство“, одговорил музичарот, реторички возвраќајќи:

„Зошто Соединетите Американски Држави не го охрабруваат Зеленски, украинскиот претседател, да преговара, избегнувајќи ја потребата од оваа ужасна, ужасна војна која убива… Не знаеме колку Руси“, изјавил тој.

Смеркониш побарал од Вотерс да ја разгледа улогата на САД како „ослободител“ во војната меѓу Украина и Русија, на што тој одговорил:

„Немаш улога на ослободител! За што зборуваш?“

Водителот потоа ја навел Втората светска војна како пример, по што Вотерс брзо го демантирал:

„Вие (САД) влеговте во Втората светска војна поради Перл Харбор. Бевте целосни изолационисти до таа тажна, разорна, страшна 1941 година“, пренесуваат агенциите.

08.08.2022 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега