Родителите на Мицкоски хоспитализирани во Систина

 

Родителите опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски се хоспитализирани во приватната болница „Аџибадем Систина“, јавува НОВА.

Како што пишува порталот, и двајцата имаат Ковид-19, но најверојатно се примени со други дијагнози како примарни, па изолирани во посебен дел, бидејќи болницата и официјално се изјасни дека нема да прима пациенти со Ковид, освен ако веќе не биле примени со друга дијагноза и се затекнале таму.

Мајка му е примена минатата недела, најверојатно на 24 јуни, а после неа и неговиот татко.

Здравствената состојба на неговата мајка веќе била значително подобрена. Таа неколку дена пред приемот била позитивна на Ковид , информација која ја потврди и самиот Мицковски пред 10 дена при посетата на Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега