Доцна попладнево до судот од обвинителството е доставен предлог за определување нови мерки за о езбедување присуство против Дејан Јованов, кој веќе е во притвор за предметот поврзан со пожарот во Кочани, по истиот ќе се постапува во текот на утрешниот ден за што ќе бидете дополнително известени.

Од Кривичен суд велат дека од Обвинителството предлогот пристигнал доцна попладнево и дека по него ќе се постапува утре.

Дејан Јованов-Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, веќе се наоѓа во притвор во предметот за пожарот во кој загинаа 63 лица.

Exit mobile version