Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

    Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

    16.09.2026 во 18:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници на локалната самоуправа и на ФК Башкими, денеска изврши увид во градежните активности со кои започнува целосната реконструкција на фудбалскиот терен кај стадионот на ФК Башкими во Куманово.

    Со реконструкцијата, постојниот фудбалски терен на површина од 4.000 квадратни метри ќе биде целосно обновен и уреден, со што фудбалерите ќе добијат значително подобри услови за тренинг, а клубот современа спортска инфраструктура за секојдневна работа и развој на младите категории.

    Проектот предвидува целосно нивелирање и подготовка на земјената подлога, поставување нова природна трева, изградба на надворешен хидрантски систем, поставување комплетно нова ограда и нови голови. По целата должина на теренот ќе биде изградена и трибина.

    Министерот Ристовски истакна дека инвестициите во спортската инфраструктура се еден од клучните предуслови за развој на спортот и создавање подобри услови за клубовите, спортистите и младите.

    „Повеќе од десетина години на овие луѓе им е ветувано дека овој фудбалски стадион ќе се реконструира, но досега тоа не било реализирано. Ние стоиме на зборот што го дадовме пред неколку месеци и еве сега го исполнуваме. Со ова уште еднаш покажуваме дека Министерството за спорт и Владата генерало, секогаш стојат на своите ветувања. Ова е едно од тие ветувања и не застануваме тука. Фудбалскиот стадион што го користи ФК Башкими за брзо време ќе добие нов изглед. Со целосната реконструкција на овој терен, ФК Башкими ќе добие современ простор за тренинг и развој на своите фудбалери“ – рече Ристовски.

    Министерот за спорт упати порака да се чуваат и одговорно да се користат овие терени и сите спортски објекти што ги прави државата за тие да останат што подолго во функција.

    „Ова е подобрување не само на спортскиот дел, туку има и социјален момент бидејќи овде тренираат и деца и низ спортот се создаваат вредности коишто ги градат како личности. Како Министерство за спорт и Влада вложуваме многу средства во капитални инвестиции затоа што сметаме дека создавањето услови е најважното нешто што може да го дадете на својот народ и на сите оние што се занимаваат со спорт“ – истакна Ристовски.

    Со реализацијата на овој проект во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава, уште еден постоечки спортски капацитет ќе биде целосно обновен и ставен во функција на клубот, фудбалерите и развојот на фудбалот.

    Прочитај повеќе

    Ристовски замина за Азербејџан – Ќе потпише меморандум за спортска соработка

    23.09.2026 во 08:46

    Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија

    19.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.