Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристески: Повеќекратно ќе се зголемат казните за прекршување на Законоот за нефер трговски практики

    Ристески: Повеќекратно ќе се зголемат казните за прекршување на Законоот за нефер трговски практики

    01.10.2025 во 17:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Има предлог, кој со сигурност ќе го прифатиме за повеќекратно да се зголемат казните, од  сегашните 20 000 евра, за непочитувањето на Законот за нефер трговски практики, најави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

    Ристески денеска имаше средба со бизнисмените од прилепската регионална стопанска комора.

    -Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики е зголемувањето на казнената политика. Предлогот е сегашната казна од 20 000 евра повеќекратно да се зголеми што и не е многу со оглед што станува збор за големи супермаркети и трговски компании во земјава. Инаку, ги охрабрувам компаниите од регионот, посебно за производство на храна, да пријавуваат законски прекршувања до КЗК, изјави Ристески.

    Ристески рече дека се фокусирани на инспекциските контроли за сузбивање на сивата економија, заштита на животниот стандард и стабилизирање и намалување на инфлацијата.

    -Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат постојано се на терен по пријави, дојави, но и по нивно видување зашто имаат годишна програма за работа. Секаде каде ќе бидат констатирани законските прекршувања, правните субјекти ќе бидат казнети. Мислам дека сме на добар пат да го направиме тоа. Гледам дека инфлацијата веќе се стабилизира, почнува и благо и да се намалува, посебно во поглед на основните прехранбени производи. Иако тоа не е доволно и сметаме дека во наредниот период со една таква добра политика ќе успееме повеќе да го  заштитиме животниот стандард на граѓаните и инфлацијата да биде на едно стабилно, би рекол, европско, ниво. Се фокусираме на инспекциските контроли и транспарентно објавувањена цени, вели Ристески.

    Од ноември лани до септември годинава, Државниот пазарен инспекторат има направено 18 000 инспекциски надзори на ниво на Македонија и се изречени казни во вредност од околу 120 милиони денари платни налози за казни за непочитување на законските регулативи. 

    Се подготвува унифициран софтвер за трговците.

    – Се подготвува нов софтвер кој ќе биде презентиран во наредниот период. Ќе биде унифициран и бесплатно даден на сите трговци за транспарентно објавување на цените. Граѓаните ќе може сами да си креираат пазарна кошничка, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.