Ристески: Катастрофалниот менаџмент со здравството го платија граѓаните
Министерот за здравство, Венко Филипче и претседателот на СДСМ, Зоран Заев го урнисаа здравствениот систем, а справувањето со короната им е најслаба точка, изјави денеска д-р. Љупче Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, катастрофалниот менаџмент со здравството го платиле граѓаните, а некои од нив и со своите животи.
„ Наместо како во сите останати држави во регионот и пошироко да ја остават струката да работи и да се справува со ситуацијата, политиката ја презема палката во здравството. Со ова целосно го уништија здравствениот систем. Филипче и Заев ја направија Македонија црна точка во регионот и пошироко. Македонија ја направија тразнит држава за странски државјани, а своите граѓани непожелни во другите држави“, рече Ристески.
Филипче и Заев, вели тој, мора да одговараат за својата неспособност да се справат со последиците од коронавирусот кои се огромни.
Ристески оцени дека Владата не може да се справи со ситуацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа