Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристески: 138 милиони денари од Општина Аеродром за сокачиња, за омилената фирма на ВМРО-ОКГ

    Ристески: 138 милиони денари од Општина Аеродром за сокачиња, за омилената фирма на ВМРО-ОКГ

    26.04.2026 во 12:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 138 милиони денари Општина Аеродром ќе потроши на реконструкција на 5 улици и 13 сокачиња и тротоари. И се тоа преку договор за јавна набавка со омилената фирма од тендерските шеми на ВМРО-ОКГ, Пирамид Билдинг солушнс, овој пат како дел од група понудувачи, изјави на денешната Прес конференција на СДСМ, Милутин Ристески, советник во Советот на општина Аеродром и претседател на ОО СДСМ Аеродром.

    Помпезно најавените 18 улици со вкупна должина од 5,4 километри се сведуваат на 5 улици, 10 краци на улиците Тодор Чангов и Ѓорѓи Капчев со просечна должина од 100 метри по крак и тротоар на половина од ул. Владимир Комаров.

    На пример првиот крак на кракот 41 од ул. Т. Чангов со должина од само 27 метри, вториот со должина од 30 метри и третиот со должина од 24 метри пропагандата на ВМРО-ОКГ во Аеродром ги брои како 3 различни улици.

    Кракот Т. Чангов 52 на пример е долг само 34 метри. За споредба тоа е отприлика иста должина колку пешачкиот премин од Бисер до Капитол.

    Овие 4 сокачиња не можеме да ги наречеме улици. Тоа се буквално сокачиња со по најмногу 4 куќи на секое од нив.

    Петта година по ред откако ВМРО-ОКГ е на власт во Општина Аеродром и Град Скопје не е реконструиран ниту еден булевар, не е изградена ниту една вело патека.

    Направени се едвај стотина од најавените 3.000 нови паркинг места.

    За споредба во мандатот на СДСМ во Аеродром за само 4 години изграден е бул. АСНОМ (од бул. Србија до В. Карангелески) и мостот Михајло Апостолски.

    Реконструирани се булеварите Видое Смилевски Бато, Февруарски Поход и Васко Карангелески (од ул. Владимир Комаров до бул. Јане Сандански).

    Со вкупна должина од над 10 километри реконструирани се улиците Владимир Комаров, Тодор Чангов 20, Тодор Чангов 49, Ѓорѓи Капчев 9, улица 4 во Долно Лисиче, крак 3 на бул. Трета македонска бригада, пристапната улица кај ОУ Љубен Лапе и повеќе краци во Горно Лисиче и Мичурин.

    Го повикуваме градоначалникот Дејан Митески да престане да ја замајува јавноста со евтина пропаганда и сериозно да се фати за работа.

    Хаосот во сообраќајот и паркирањето нашите сограѓани го чувствуваат секојдневно и нивното трпение е при крај.

    Господа од ВМРО-ОКГ, Аеродром ви порачува – или фатете се за работа или отстапете место на други, додаде Ристески.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.