Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти
    • Костадинов: Подготвен сум да одговорам за секоја своја одлука
    • Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка во Скопје
    • Четврти ден револуција низ Албанија: Студентите се кренаа против владеењето на Еди Рама
    • Нов удар врз европската економија: Еврото падна на најниско ниво во последните 16 месеци
    • Украина нападна руска радарска станица вредна околу 100 милиони долари
    • Во среда се очекува да започне вакцинацијата против сезонски грип
    • Германските служби за вработување бараат Владата да не ги намалува дозволите за работниците од Западен Балкан
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Регионална конференција за воени злосторства во Скопје: Обвинителите од Западен Балкан и претставници од Хаг со фокус на соработката и правдата

    Регионална конференција за воени злосторства во Скопје: Обвинителите од Западен Балкан и претставници од Хаг со фокус на соработката и правдата

    23.09.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Главните јавни обвинители и обвинители кои постапуваат по предмети за воени злосторства од Западен Балкан, како и претставници на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, учествуваат на дводневната Регионална конференција на обвинители за соработка во постапките за воени злосторства, која денес започна во Скопје.

    Настанот ја продолжува традицијата на регионални средби и обезбедува платформа за размена на искуства, зајакнување на практичната соработка и пренос на предмети и докази меѓу различни јурисдикции.

    Конференцијата ја отвори државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој истакна:

    „Нас нè обединува не само нашата професија, туку и нашата заедничка, морална и законска должност. А тоа е борбата против неказнивоста за најтешките злосторства против човештвото. Освен тоа, како јавни обвинители, нашиот примарен мандат не е само да ги казниме сторителите, туку да им дадеме глас и да ги заштитиме жртвите“.

    Тој додаде дека одговорноста за најтешките кривични дела е индивидуална, со што се придонесува за соживот на идните генерации.

    Раководителката на Секторот за операции 1 при Делегацијата на ЕУ, Роберта Кортезе, потенцираше:

    „Европската Унија придава големо значење на правдата, отчетноста и владеењето на правото во Западен Балкан. Тоа се темелни европски вредности, но и суштински елементи на процесот на европска интеграција. Во овој контекст, утврдувањето на одговорноста за воените злосторства е од особено значење. Изминувањето на времето не ја намалува одговорноста на институциите да постапуваат по тешките кривични дела и да обезбедат правда за жртвите и преживеаните. Затоа, Европската Унија силно ги поддржува напорите за зајакнување на соработката меѓу обвинителствата и правосудните институции во регионот. ЕУ го препознава поврзувањето на правдата, регионалната соработка, помирувањето и вклучувањето на граѓаните како важен дел од европската перспектива на Западен Балкан“.

    Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, истакна:

    „Правдата не зависи само од формалните механизми, туку и од силните професионални врски, довербата и континуираната соработка меѓу институциите. Токму затоа, преку проектот „Поддршка на ЕУ за градење доверба во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, создаваме простор обвинителите и другите правосудни професионалци од регионот да разменуваат искуства, да разговараат отворено за практичните предизвици и да ја зајакнуваат меѓусебната соработка. Нашата заедничка цел е правда која е професионална, кредибилна, заснована на човековите права и насочена кон потребите на жртвите“.

    Конференцијата се организира во рамките на проектот имплементиран од УНДП и ќе заврши утре со усвојување на заклучоци и препораки за унапредување на регионалната соработка.

    Прочитај повеќе

    Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти

    16.10.2026 во 19:16

    Костадинов: Подготвен сум да одговорам за секоја своја одлука

    16.10.2026 во 18:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.