Реџепи: Со Меџити разговаравме да преминам во ДУИ - бев загрижен за европскиот пат на државата

Кастриот Реџепи, поранешниот пратеник на БЕСА, кој по обидот за уривање на владата, во собранието функционираше како независен, рече дека на последната средба со Меџити разговарале за евентуално преминување во ДУИ.

Во врска со неговото евентуално приклучување кон „Огнената група“ на ДУИ, синоќа изјави дека со пратеникот Изет Меџити отсекогаш имал добри односи и покрај партиските поделби.

– На оваа средба се сретнавме со Изет Меџити, Блерим Беџети и мојот пријател Алко на кафе, но секако и за создадената политичка ситуација, па сакав да се уверувам дека последните случувања нема да имаат последици во интеграцискиот пат на државата, рече Реџепи во телевизиско гостување.

 

 

 

07.10.2022 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега