Редици од странски возачи на Табановце. Моментално чекаат да ги платат своите казни, а притоа биле уловени од камерите на Сејф Сити, пренесува Канал 5.
Системот „Сејф Сити“ во Северна Македонија ги регистрира сообраќајните прекршоци преку камери поставени на повеќе локации низ земјата, а казните се издаваат автоматски врз основа на снимениот прекршок. Системот овозможува санкционирање и на странски возачи, кои при напуштање на земјата треба да ги подмират изречените казни.


