Реакциите по несреќата не стивнуваат - нов протест во Србија: Граѓаните бараат оставкa од Вучиќ
Поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад, пред Владата на Србија во Белград, се одржува протест, а организаторите и насобраните граѓани бараат оставка од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, пишува N1.
Освен политичка одговорност, јавноста во Србија бара и кривично да одговараат сите оние кои на каков било начин – преку дејствување или непостапување – се виновни за падот на настрешницата и за трагедијата што се случи.Оттаму додаваат дека по обраќањето на спикерот, демонстрантите ќе се прошетаат до Претседателството.
Организаторите на средбата обезбедија безбедносна служба, која е распоредена околу зградата на Владата, на средбата може да се забележат голем број полицајци во цивилна облека.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа