Разрешен е судијата кој се најде на американската црна листа.
Енвер Беџети кој до вчера работеше како судија во скопскиот апелационен суд на црната листа се најде заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство заради вмешаност во корупција и примање мито.
Американските власти утврдиле дека двајцата подолго време влијаеле да не се суди предметот за масовното прислушување во кој обвинет беше поранешниот диркетор на УБК, Сашо Мујалков, поради што судскииот предмет застарел. Постапката за утврдување одговорност за судијата Беџети ја почна Судскиот совет кој првин го казни парично, а откако се најде на црната листа беше и разрешен.
Според соопштението на Судскиот совет, Беџети бил разрешен во мај годинава, потоа се жалел пред Врховниот суд, но минатиот месец, највиоскиот суд одлучил дека Беџети повеќе нема да работи како судија..
Актуелно
- Кремљ: Преговорите за Украина треба да се водат зад затворени врати
- Дарежлив гест на Тејлор Свифт: Донираше милиони пред празниците на хуманитарни организации
- Утре се празнува Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски
- Хороскоп за 25. декември: Тивка сила и сигурни чекори напред
- Над еден милион нови документи поврзани со случајот Епштајн
- Макрон го најави PA-NG – новиот симбол на француската морска моќ
- Дел од Центар утре без вода за пиење
- Орбан во божиќното интервју: ЕУ се распаѓа – се движи кон војна

