Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Разликата е поголема од 4 спрема 1“ – Мицкоски му честиташе на Радичевски

    „Разликата е поголема од 4 спрема 1“ – Мицкоски му честиташе на Радичевски

    19.10.2026 во 08:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва, и има огромна победа во првиот круг на изборите за избор на градоначалник во општина Брвеница. Ова го напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

    -Нашиот кандидат Стојанче Радичевски освои огромно мнозинство на гласови, а разликата во однос на нашите конкуренти од СДС е поголема од 4 спрема 1.

    Честитки за граѓаните на Брвеница што се одважија и овозможија уште една голема победа пред се за нив а потоа и за Македонија, што е јасен показател дека народот е со ВМРО-ДПМНЕ и дека народот одбира прогрес, единство и исправна борба за иднината.

    Сакам најнапред да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска го остварија своето право на глас. Благодарност и до сите кои беа вклучени во организацијата и спроведувањето на изборниот процес.

    Сакам да му честитам на нашиот кандидат, на сите кои работеа посветено во изминатите недели и, пред сè, на граѓаните коишто ни ја дадоа својата доверба.

    Пред Брвеница е уште една важна одлука. На 1 ноември граѓаните повторно ќе имаат можност да одлучуваат за иднината на својата општина. Ќе побараме поддршка од сите граѓани на Брвеница. Во овој изборен процес влеговме со јасна програма, со конкретни проекти и со цврста определба да ја продолжиме започнатата работа. И со тие цели продолжуваме и понатаму!

    Победата е огромна, но и нашите обврски за оваа општина се огромни. Со конкретни проекти. Со одговорност. Со почит кон секој човек. За една Брвеница за сите. Да ја сочуваме силата на единството. Одиме на вкупна победа!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

    За потсетување, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски, освои најмногу гласови на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, покажуваат обработените податоци од сите 24 избирачки места.

    Според објавените резултати, Радичевски освоил 2.943 гласови, односно 38,90 отсто од вкупниот број гласачи кои го оствариле своето право на глас.

    Втор по бројот на освоени гласови е Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ) со 2.152 гласа (28,45%), а по него следува Јакуп Хусеини од Коалицијата ВЛЕН со 1.528 гласа (20,20%).

    Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница 2026, Јовица Радески, освои 706 гласови (9,33%).

    Кандидатите од групи избирачи, Душан Богдановски и Арифе Идризи, освоија 55 гласови (0,73%) односно 21 глас (0,28%).

    Од вкупно 16.256 запишани избирачи, на овие избори гласале 7.565 граѓани, при што се обработени сите 16.247 избирачи на 24-те избирачки места.

    Just In Picks Top News Влада Мицкоски
    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.