Разбиена мрежа на педофили во Република Српска – уапсени петмина за детска порнографија
Пет лица се уапсени поради детска порнографија. Полиција на Република Српска разби мрежа на педофили.
Полициските службеници извршиле претрес на седум локации, а како што објавија тамошните медиуми, пронајдени и одземени биле компјутери, таблети, мобилни телефони, мемориски картички, фотоапарати и други технички уреди.
Осомничените на социјалните мрежи и апликации за комуникација дистрбуирале детска порнографија која претходно ја преземало од интернет-страници со таква содржина.
01.06.2021 - 19:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа