Close Menu
Press24
    Најново

    Расте фреквенцијата на Ќафасан: Албанците масовно доаѓаат во Струга по евтино гориво и храна

    08.04.2026 во 13:23

    Трипуновски: Досега откупени 100.000 јагниња и над милијарда денари исплатени за грло овца

    08.04.2026 во 13:04

    Собранието ја започна 97. седница: Ацо Ристов предлог за нов претседател на РКЕ, се чекаат и нови вицегувернери

    08.04.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Расте фреквенцијата на Ќафасан: Албанците масовно доаѓаат во Струга по евтино гориво и храна
    • Трипуновски: Досега откупени 100.000 јагниња и над милијарда денари исплатени за грло овца
    • Собранието ја започна 97. седница: Ацо Ристов предлог за нов претседател на РКЕ, се чекаат и нови вицегувернери
    • Мицкоски: Образованието е нашето најмоќно оружје – секое ромско дете заслужува шанса да сонува
    • Битиќи: СДСМ бара законско намалување на акцизата за горивата, за заштита на стандардот на граѓаните
    • Лукаревска: СДСМ поднесе предлог-закон за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 5%
    • Подгответе се за студен бран: Северен ветер носи ниски температури
    • Гаши: Невидливоста не е немање идентитет, туку недостиг на правда за Ромите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Расте фреквенцијата на Ќафасан: Албанците масовно доаѓаат во Струга по евтино гориво и храна

    Расте фреквенцијата на Ќафасан: Албанците масовно доаѓаат во Струга по евтино гориво и храна

    08.04.2026 во 13:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ниските цени на горивата и поевтините прехранбени продукти во Македонија предизвикаа вистински метеж на граничниот премин Ќафасан. Најголем дел од патниците доаѓаат од пограничните места во соседна Албанија на еднодневни посети во Струга, со цел да ги наполнат резервоарите и да набават основни намирници.

    Според официјалните податоци од СВР Охрид, само на почетокот на овој месец протокот на патници е зголемен за 11 проценти во споредба со лани. Портпаролот Стефан Димоски информира за конкретните бројки:

    „Во период од 1 до 6 април во Полициската станица за ГП Ќафасан остварен е проток на 40.734 патници, што е за 11 проценти зголемување за истиот период во 2025 година кога на овој премин поминале 36.775 патници. Во првите шест дена од месецот во државата влегле 20.952 патници, а излегле 19.782.“

    Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека државата располага со стабилни количини на енергенси и покрај евидентниот притисок врз бензинските пумпи во пограничните зони. Тој појасни дека дневната потрошувачка е порасната од 1,5 на 2 милиони литри.

    „Од аспект на количини сме стабилни, имаме доволно, тука не треба да имаме никакви стравувања. Ја продолживме и мерката 18 на 10 проценти ДДВ сè со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните и бизнисите“, изјави Мицкоски при посетата на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

    Популарно

    Расте фреквенцијата на Ќафасан: Албанците масовно доаѓаат во Струга по евтино гориво и храна

    08.04.2026 во 13:23

    Трипуновски: Досега откупени 100.000 јагниња и над милијарда денари исплатени за грло овца

    08.04.2026 во 13:04

    Собранието ја започна 97. седница: Ацо Ристов предлог за нов претседател на РКЕ, се чекаат и нови вицегувернери

    08.04.2026 во 13:00

    Мицкоски: Образованието е нашето најмоќно оружје – секое ромско дете заслужува шанса да сонува

    08.04.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.