Расистички напад врз статуа во Франција

 

Статуа на црна робинка во францускиот град Бордо е покриена со бела бојa, oчигледно во расистички напад, соопштија градските власти.

Бронзената статуа претставува Модест Теста (фран. „Modeste Testas), африканска робинка, купена од семејство во Бордо во 18 век. Подоцна била ослободена.

Статуата била пронајдена оштетена утринава, но сега е исчистена.

Градското собрание на Бордо соопшти дека ќе поднесе кривична пријава, велејќи дека оваа ситуација „најверојатно е од расистичка“ природа.

13.09.2021 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега