Од денеска повеќе пари на сметките на пензионерите

 

На сметките на над 300 илјади пензионери денеска ќе легнат зголемените мартовски пензии. Премиерот Христијан Мицкоски претходно најави дека со мартовската пензија, која ќе им биде исплатена на крајот на март или на почетокот на април, пензионерите ќе го добијат линеарното покачување од 2.500 денари.

-Со линеарното зголемување од вкупно 5.000 денари „ЈВ индексот“ е доведен во некоја си нормала затоа што е намалена разликата меѓу екстремно сиромашното население и екстремно богатото, рече Мицкоски во интервју за ТВ Канал 5.

Нагласи дека Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд побараа од Владата да се зголеми границата за пензионирање.

-Жестоко се боревме тоа да не се случи освен оние што сакаат да можат да работат до 67 години старост. Застанавме позади правата на граѓаните и работниците. Бараа и зголемување на ДДВ-то и ме прашуваа зошто не го зголемуваме. Се боревме и не го направивме тоа. Бараа и променлив данок, но ние викавме не, данокот ќе си биде рамен. Се боревме и ќе се бориме, рече Мицкоски.

За исплата на пензиите во тековната година, во Буџетот се предвидени 1,715 милијарди евра.

01.04.2025 - 09:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега