Рашковски на одмор во Мексико

Поранешниот генерален секретар и советник во Владата Драги Рашковски е на одмор во Мексико. Оваа информација ја потврил и самиот за „Фокус“ откако претходно дел од медиумите пишуваа дека тој можеби се дал во бегство.

Во изјавата за „Фокус“ рекол дека во Мексико е заедно со своето семејство.

-Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14-ти и таму ќе бидеме до 31 овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува, вели Рашковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2021 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега