Рама на преминот Ќафасан: „Отворен Балкан“ дава резултати, полза имаат граѓаните и бизнисот

 

„Отворен Балкан” веќе дава резултати, видливи се придобивките и олеснувањата за граѓаните и бизнисот, смета албанскиот премиер Еди Рама, кој во Охрид на Самитот „Отворен Балкан” пристигна преку граничниот премин Ќафасан на албанско- македонската граница кај Струга.

Рама преку кус видео запис на социјалните мрежи порача дека кусо се задржал на преминот.

– Ова е многу важно бидејќи така станува и конкретно за секој кој ќе каже што ни треба Отворен Балкан и да стави крај на сета параноја, теории на заговор и опиеност од пропагандата што е против мирот и развојот, напиша Рама.

Тој верува дека се поголемиот број конкретни примери се пред очите на луѓето, се станува поедноставно.

– Ќе успееме да им олесниме на оние кои вршат трговија со овие држави и се измачувани од царинските бирократии, наведува Рама во објавата.

08.06.2022 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега