Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека прифатил покана од американскиот претседател Доналд Трамп за учество во новото меѓународно тело насочено кон решавање на кризата во Газа. Албанија во овој процес ќе се појави како една од земјите основачи на т.н. „Одбор за мир“.

Рама информацијата ја сподели преку своите профили на социјалните мрежи, потенцирајќи ја важноста на овој чекор за албанската дипломатија.

„Албанија е поканета како еден од основачките членови на ова меѓународно тело“, посочи премиерот, додавајќи дека ваквата иницијатива претставува директно меѓународно признание за неговата земја.

Според шефот на албанската влада, поканата е силен доказ за зголемениот углед и улогата која Албанија ја има на глобалната политичка сцена во моментов. Тој истакна дека учеството во овој одбор е значајна потврда за дипломатските напори на државата на меѓународен план.

Exit mobile version