Рама ја објави „женската“ влада: Ќе има 12 министерки и само 4 министри

Три четвртини од новата албанска влада ќе ја сочинуваат жени, соопшти мандатарот и актуелен премиер, Еди Рама, на денешната седница на Националното собрание на партијата...

Нема некои поголеми изненадувања околу имињата на членовите на новата влада, но она што посебно паѓа во очи е застапеноста на министерките. Од 16 министерски места, во дури 12 ќе седнат жени.

Ова е трета по ред Влада раководена од Рама, откако неговата партија победи на изборете на 25 април годинава.

Според најавите, за неа ќе се гласа на 10 септември, кога е закажана конститутивната седница на новиот законодавен дом.

 

02.09.2021 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега