Close Menu
Press24
    Најново

    Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните

    29.10.2026 во 11:04

    На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”

    29.10.2026 во 10:52

    Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

    29.10.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор
    • Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Раководител на образовен центар во Штип во притвор, допирал малолетни ученички

    Раководител на образовен центар во Штип во притвор, допирал малолетни ученички

    13.05.2026 во 09:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Штипската полиција поднесе кривична пријава против 65-годишен маж, управител на образовен центар, под сомнение за недолично однесување кон малолетни ученички. По лишувањето од слобода, на осомничениот веќе му е одредена мерка притвор.

    Според информациите од МВР, станува збор за лицето А.Ш. (65) од Штип, кој бил приведен на 11 мај околу 20 часот. Тој се сомничи дека во подолг период, за време на дополнителна настава, ги допирал ученичките по телото.

    „Случајот бил пријавен во полициска станица од страна на родители, во присуство на ученичките и претставници од Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип“, стои во полициското соопштение.

    По наредба на суд, извршени се претреси во домот на А.Ш. и во просториите на образовниот центар, при што се одземени предмети кои ќе служат како доказ во постапката.

    Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, додека случајот е целосно документиран со кривична пријава.

    Прочитај повеќе

    Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

    29.10.2026 во 10:45

    Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица

    29.10.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.