Рафајловски: Никој од нас не гледа светлина на крајот од тунелот

Самите политики, самите мерки се толку мали, толку минорни, тоа е само сламка од илјадниците делови кои би значеле целосна економија, оцени Горан Рафајловски во вечерашното гостување на Топ Тема за владините мерки за помош на стопанството.

-Економијата на светско ниво е сериозно поразена, а во Македонија е во слободен пад. Вие освен неколку типови на услуги од типот на телекомуникации, банки, фармацевстска индустрија и нешто малку прехрана, сите останати, а тоа е немал број, се во слободен пад. Никој од нас не гледа светлина на крајот од тунелот, бидејќи и не знаеме дали сме во тунел иако е сѐ околу нас темно. И немаме никаква можност да го поправиме стопанството или пак нашето работење. Падот од 40-тина проценти што се случува во најголемиот број на компании за една година, оваа година може да биде дури и поголем, рече Рафајловски.

Според него, ниту една мерка досега не придонела бизнисот по пандемијата да се врати посилен.

-Не што не видов ниту една таква мерка, туку и тие ситни мерки не се во можност да ги исполнат. И ова Собрание, го повикувам неговиот претседател Талат Џафери да не заборава дека шест или осум месеци читаше поезија на собраниска комисија, да разбере дека треба да седне со сите пратеници да разговара и под итно да се донесе експертска влада која ќе биде одобрена од сите политички партии, рече Рафајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2021 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега