Радев: Повеќе од 100.000 граѓани имаат бугарско државјанство- мора да имаат еднакви права како и другите

 

Претседателот Румен Радев повикува на навремена реакција од одговорните институции во Бугарија и во Македонија на сигналите на нашите сонародници од нашиот југозападен сосед за важните проблеми со кои се соочуваат, објави прес-службата на шефот на државата.

Позицијата на претседателот Радев е мотивирана од писмото добиено во претседателството од етнички Бугари од Македонија, во кое тие изразуваат загриженост за нивната континуирана дискриминација во Македонија.

Според Радев, почитувањето на слободното право на самоопределување на нашите сонародници, наведуваат медиумите, кои и покрај сите репресии во тоталитарното минато, го зачуваа и отворено го искажуваат својот бугарски национален идентитет, претставува клучен чекор во развојот на добрососедските односи.

-Повеќе од сто илјади граѓани на Република Северна Македонија имаат бугарско државјанство, стекнато врз основа на слободна волја и документарно потврдување на нивното бугарско етничко потекло. Илјадници други се во процес на разгледување на нивните апликации за бугарско државјанство. Очекуваме овие објективни факти да најдат израз во спротивставувањето на официјалните власти во РСМ против алармантните димензии на говорот на омраза кон Бугарија и Бугарите во РСМ, се наведува во ставот на претседателот. Бугарите во Република Северна Македонија мора да имаат еднакви права со оние на другите граѓани на земјата во согласност со највисоките светски и европски стандарди. Овој основен принцип на демократија е вграден во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји од 2017 година, истакна шефот на бугарската држава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега