Радев: Кога Северна Македонија ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во Уставот ќе може да каже дека гради модерно мултиетничко општество
Владата на РСМ може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе смогне сили да ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав, вели бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за БГНЕС.
Тој рече дека властите во Македонија треба да ги убедат своите граѓани, а не Бугарија, дека градат демократска држава во која бугарските клубови не се палат и кадешто Бугарите не се изложени на, како што вели, системски терор, физичко насилство и режирани судски процеси.
Радев повторно се осврна на протоколот во преговарачката рамка за влез на Македонија во ЕУ, коментирајќи дека во протоколот се учебниците, говорот на омраза, медиумите, отворањето на архивите и извинување за репресии кон бугарите во историјата, а во тој дел, како што вели бугарскиот претседател – нема прогрес, пишува бугарската новинска агенција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа