Како се потрошени 5.53 милиони евра, каде завршија парите и како е финансирањето преку Државна лотарија бара целосна истрага и утврдување одговорност, соопштија од СДСМ преку прес-конференција што ја одржа Елена Радеска.

Од партијата посочуваат дека дел од документите објавени во медиумите ги поткрепуваат сомнежите за финансиски зделки. Според објавениот договор, фирмата „Стардаст“ добила спонзорство од 300 милиони денари на 8 мај, истиот ден кога завршил јавниот повик и пристигнала единствената понуда, додека барањето било поднесено откако програмата веќе започнала, а решението било издадено по завршувањето на настаните.

Дополнително, од СДСМ истакнуваат дека истата фирма добила финансиски средства од Државната лотарија во износ од 30 илјади евра уште во февруари, неколку месеци пред да биде официјално избрана.

„Арамијата Мицкоски излажа дека се потрошени „нула денари“, јавноста дозна дека станува збор за 5.53 милиони евра!“

Од опозициската партија апелираат Јавното обвинителство веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целосната документација и да го следи текот на парите. Покрај тоа, се бараат прецизни прегледи на средствата, објавување на сите договори, записници и фактури, како и одговори за тоа кој ги одобрил овие трошења.

Exit mobile version