Вчера во 22:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат во село Лопате, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од с.Лопате и велосипед, управуван од И.Х.(50) од с.Лопате.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар Куманово.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.  

Exit mobile version