По координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.
Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти.
Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени. Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол.
Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица. Во текот на денот очекуваме повеќе официјални информации од МВР.
- УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Каде беше најтопло, а каде најстудено
- Се превртел со трактор во сопствениот двор: Прилепчанец заврши во болница
- Сабајле уште во 8 часот ќе снема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
- Масовен руски напад врз Украина: Оштетени над 10 енергетски објекти, половина милион луѓе без струја
- Владата набавува 100 нови амбулантни возила: Мицкоски утре на промоција кај СЦ „Борис Трајковски“
- Метео аларм: Искористете го утрешното сонце – доаѓа пресврт
- „Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – Вознемирена мајка се јавила во полиција
- Тешка кражба во дебарската болница: вработена им дала клуч на крадци за да украдат пиштол од канцеларија


