Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на официјалната промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила.
Настанот е закажан за утре, 20 октомври 2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, а ќе се одржи на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Како што е најавено, во рамките на настанот претседателот на Владата, Мицкоски, ќе даде и изјава за медиумите.


