Рации низ Германија, запленет кокаин вреден една милијарда евра

Германската полиција изврши координирани рации во седум сојузни држави и заплени кокаин вреден милијарди евра.

Истражителите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија, пишува Билд.

Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени.

Рациите беа извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија.

Засега не се познати повеќе детали, ниту пак кој е приведен. Јавното обвинителство на Дизелдорф вели само дека операцијата со кодно име Плексус ја извршил заеднички тим на царински и полициски инспектори за наркотици од Штутгарт, Карлсруе и Северна Рајна-Вестфалија.

14.06.2024 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега