По координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.
Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти.
Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени. Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол.
Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица. Во текот на денот очекуваме повеќе официјални информации од МВР.
- Ноќни сообраќајни контроли во Скопје: Мортус пијани „паѓале“ во раце на полицијата
- Полицијата тресе низ цела Македонија – извршени 47 претреси, приведени 16 лица
- Голема полициска акција низ Македонија – приведени 25 возачи
- Какво време не очекува утре и во текот на неделата – доаѓа пресврт
- Двајца се обиделе да избегаат преку ГП Блаце, по што биле запрени, третиот избегал во Косово – ОЈО со детали за обидот за убиство во Скопје
- Рација на МВР во 60 кафулиња, дискотеки и казина – апсења и затворени локали
- 35-годишник со „бмв“ прегазил пешак во Липково
- Тинејџерка од Куманово со „ауди“ излетала од пат, тешко повредена сопатничката


