Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Од УХМР во текот на новата седмица соопштија дека ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Exit mobile version