Close Menu
    Најново

    Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион

    22.12.2025 во 23:52

    Овие чаеви ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден

    22.12.2025 во 23:19

    Драма на патиштата: Две возила му го попречиле патот, излегле од возилата – се испотепале меѓу себе

    22.12.2025 во 22:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион
    • Овие чаеви ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден
    • Драма на патиштата: Две возила му го попречиле патот, излегле од возилата – се испотепале меѓу себе
    • Нејмар успешно опериран
    • ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци
    • Ахмети: Јас ја уништив Југославија
    • Експлодираше фабрика во Франција: Тројца повредени
    • Утре се празнува Преподобна Ангелина – заштитничка на семејството, мајките и жените
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Работниците излегоа на улица против одлуката на Владата за 13-часовно работно време во приватниот сектор во Грција

    Работниците излегоа на улица против одлуката на Владата за 13-часовно работно време во приватниот сектор во Грција

    17.10.2025 во 22:06
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По двe дена бурна расправа, грчкиот парламент изгласа контроверзен закон што овозможува работен ден до 13 часа во приватниот сектор — одлука што ја подели јавноста и ги извади работниците на улица.

    Законот беше изгласан со поддршка од владејачката десница и инициран од конзервативната влада на премиерот Киријакос Мицотакис, која тврди дека новите правила ќе им овозможат на вработените да заработат повеќе, додека синдикатите и левичарските партии го нарекоа овој потег „вистински Среден век“.

    Закон што го менува лицето на трудот

    Според новите одредби, работникот ќе може да работи до 13 часа дневно за истиот работодавач, но само ограничен број денови во годината и со дополнителен надомест. Владата нагласува дека ова ќе биде доброволна можност, а не обврска, и дека ниту еден работник нема да биде принуден на вакво работно време.

    Министерката за труд и социјална политика, Ники Керамеиус, во парламентот изјави дека новината треба да им помогне на оние што сакаат да работат повеќе, особено во туризмот – еден од клучните сектори на грчката економија. „Им даваме можност на вработените да заработат до 40 проценти повеќе, без потреба да патуваат на второ работно место,“ рече министерката. Таа повтори дека новиот режим може да се применува најмногу 37 дена годишно, што значи околу три дена месечно.

    Опозицијата и синдикатите: „Ова е законодавна катастрофа“

    Левичарската партија Сириза одби да учествува во гласањето, нарекувајќи го законот „напад врз основните права на работниците“. Портпаролот Христос Јанулис остро го критикуваше потегот, нарекувајќи го „законодавна наказа и дерегулација на трудот“. Сличен став изрази и лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис, кој рече дека „тринаесетчасовниот работен ден не падна од небо, туку е само нова алка во синџирот на систематско укинување на работничките права“.

    Водачот на Сириза, Сократис Фамелос, предупреди дека владата „воспоставува вистински Среден век“, додека најголемата синдикална организација, Грчката конфедерација на работниците во приватниот сектор (GSEE), ја обвини владата за „понатамошно влошување на веќе проблематичната состојба на пазарот на труд“.

    Штрајкови и протести низ целата земја

    Законот предизвика две големи генерални штрајкови – на 1 октомври и на 14 октомври – при што делови од земјата беа парализирани. Железничкиот и такси сообраќај беше запрен, а во повеќе градови се одржаа демонстрации. Синдикатите предупредуваат дека многу работници нема да можат да одбијат да работат 13 часа дневно поради „нерамнотежата на моќта меѓу работодавците и вработените и зголемената несигурност на пазарот на труд“.

    Тие додаваат дека новите одредби го доведуваат во прашање и правото на дневен одмор од 11 часа, особено кога се зема предвид времето потребно за патување до работното место. Противниците на законот, исто така, посочуваат дека контролите од страна на Инспекторатот за труд се слаби, што остава простор за злоупотреби.

    Аргументите на владата: „Поголема флексибилност и намалена невработеност“

    Владата на Мицотакис ја брани мерката како дел од поширока реформа на трудовото законодавство, која – според неа – веќе дала резултати. Од доаѓањето на власт во 2019 година, невработеноста во Грција паднала од 18 на 8 проценти, што владата го наведува како доказ за успех.

    Министерката Керамеиус ја осуди „обманувачката употреба“ на терминот „тринаесетчасовен работен ден“, велејќи дека тоа „создава лажна слика дека сите ќе работат 13 часа дневно“.

    Грчката реалност

    И покрај економскиот опоравок по долгогодишната финансиска криза, грчките плати и натаму се меѓу најниските во Европската Унија. Според податоците на Евростат, во вториот квартал од 2025 година, дури 20,9 проценти од вработените во Грција на возраст меѓу 20 и 64 години работеле повеќе од 45 часа неделно – двојно повеќе отколку просекот во ЕУ, каде тој број изнесува 10,8 проценти.

    Новата реформа, според критичарите, го отвора патот кон „модерно ропство“, додека владата тврди дека тоа е чекор кон „поголема флексибилност“ на пазарот на труд. Но, едно е сигурно – прашањето за работното време во Грција повторно ја разгоре најстарата расправа во економијата: колку чини трудот и кој ја плаќа цената на напредокот.

    Популарно

    Ахмети: Јас ја уништив Југославија

    22.12.2025 во 22:03

    Експлодираше фабрика во Франција: Тројца повредени

    22.12.2025 во 21:39

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    (ВИДЕО) Скандал на новогодишна прослава во регионот: Гостите се соблекувале голи, музилар завршил со скршеници, посекотини и модринки

    22.12.2025 во 16:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.