Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе разгледа можност за продолжување на нуклеарните проби, доколку САД решат да ги обноват своите, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека му наредил на Пентагон да започне со тестирање на американското нуклеарно оружје.

За време на состанокот на Советот за безбедност, Путин им наложи на надлежните институции „да сторат сè што е можно за да соберат дополнителни информации за ова прашање и да презентираат координирани предлози за можен почеток на подготвителни работи за нуклеарни тестови“, пренесуваат руските медиуми.

Путин ги оцени изјавите на Трамп како „сериозни“, нагласувајќи дека Русија отсекогаш строго ги почитувала своите обврски според Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестирања.

– „Ако САД или другите потписнички држави на договорот спроведат такви тестирања, Русија ќе биде принудена да преземе соодветни контрамерки“, изјави Путин.

Exit mobile version