Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не посакува војна со европските сили, но дека Москва е подготвена да се бори доколку Европа избере ескалација. Според него, европските држави поставуваат услови за можен мировен договор за Украина кои Русија ги смета за „апсолутно неприфатливи“.
„Немаме намера да војуваме со Европа, но ако Европа го сака тоа и почне, ние сме подготвени од овој момент“, рече Путин пред новинарите, непосредно пред средбата со американскиот претставник Стив Виткоф во Москва.
Путин ги обвини европските земји дека се обидуваат да ги попречат американските дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина.
„Тие немаат мировна програма, тие се на страната на војната“, додаде рускиот претседател.

