Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност за разговори за решавање на конфликтот во Украина, но нагласи дека идните мировни преговори мора да ја опфатат целосната архитектура на европската безбедност.

Според руските медиуми, Путин повтори дека Русија не сакала да го започне војната, туку била соочена со непријателски реакции од Киев во врска со клучните прашања што ја загрижуваат Москва. Тој истакна дека разговорите треба да се прошират на пошироко ниво и да ја гарантираат безбедноста на цела Европа.

Рускиот претседател нагласи и дека е уверен оти Русија и Украина можат да постигнат договор, додавајќи дека останува отворен за контакти со сите страни вклучени во процесот, со цел изнаоѓање трајно и одржливо решение.

Exit mobile version