Дваесет и четиригодишна девојка од Скопје е жртва на измама во која лажен вработен во Катастарот и негов соработник ѝ зеле сума од 117.000 денари под изговор дека ќе ѝ помогнат да го откупи и приватизира државното земјиште што го користело нејзиното семејство, соопшти МВР.

Според пријавеното во СВР Скопје, случајот бил пријавен на 22 октомври 2026 година во 14:00 часот. Девојката навела дека на 21 септември 2026 година се сретнала со двете лица, при што едниот од нив се претставил како вработен во Катастарот. Тие ѝ ветиле дека брзо и ефикасно ќе ја завршат постапката за приватизација.

Верувајќи им на лажните ветувања, таа во неколку наврати му ги исплатила парите на осомничениот. Измамата ја сфатила кога лично отишла во Катастарот да праша за статусот на предметот, од каде што ја известиле дека тоа лице повеќе од две години воопшто не е нивни вработен.

Од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Exit mobile version