Жената Ж. Н. (46) била примена рано утрово во Ургентниот центар во Белград со прострелна рана.
Неофицијално како што пренесуваат тамошните медиуми, таа била застрелана во ногата со пиштол и со брза помош била пренесена во болница.
Како што се дознава, Ж.Н. им кажала на полицајците дека се самоповредила по расправија со сопругот. Оваа информација се проверува и нејзиниот партнер ќе биде сослушан.
Според последните информации, повредената жена е надвор од животна опасност.
Според неа, на сè му претходела расправија меѓу сопружниците.
За случајот е известено надлежното обвинителство.