Пукање во Куманово - едно лице се бори за живот

Во центарот на Куманово попладнево се случило пукање, потврди СВР Куманово, од каде најавија детали по завршување на увидот.

Од Кумановската општа болница потврдија дека кај нив со возило на Итна помош во 17: 38 часот е донесено машко лице со две прострелни рани на двете нозе.

Поради сериозноста на повредите, лицето е испратено за Скопје.

 По пружањето на првична здравствена помош, лицето со тим од вработени е препратено до васкуларна хирургија Скопје, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска. 

05.12.2023 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега