Пукање во Капиштец ги разбуди утрово скопјани

 

Утрово околу осум часот жителите на скопската населба Капиштец во близина на Млечен ресторан биле разбудени и вознемирени од пукотници, пишува МКД.мк. 

Според МКД.мк пукотницата се случила пред казино околу кое има и многу други дуќани во кои жителите од овој дел на Скопје токму рано наутро одат да ги испазарат секојдневните намирници.

Од МВР за МКД.мк го потврдиле случајот. 

Повеќе детали за утринските пукотници подоцна во текот на денот.

31.03.2023 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега